ДОЈДОВ ДА ИГРАМ, ДА ПОБЕДУВАМ И ДА СЕ ЗАБАВУВАМ Роналдо ја одржа првата прес-конференција во Саудиска Арабија
Кога донесувам одлуки, семејството секогаш ме поддржува, особено моите деца, изјави Кристијано Роналдо.
Кристијано Роналдо ја одржа првата прес-конференција по трансферот во Ал-Наср.
– Се чувствувам многу добро. Толку сум горд што ја донесов оваа важна одлука во мојот живот. Кога донесувам одлуки, семејството секогаш ме поддржува, особено моите деца. Сакам да дадам поинаква визија за земјата и фудбалот во Саудиска Арабија. Ако го земете Светското првенство како пример, тогаш единствената репрезентација што го победи шампионот е Саудиска Арабија. Дојдов да играм, да победам и да се забавувам – изјави Роналдо.
Португалецот потпиша договор со Ал-Наср на 30 декември. Договорот е со важност до летото 2025 година.