ДО ДОЦНА ВО НОЌТА СЕ САНИРАА ПРОБЛЕМИТЕ ОД ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ ВО БИТОЛСКО Јавните претпријатија продолжуваат со чистење

Според податоците од мерната станица на хидросистемот „Стрежево“, која се наоѓа на браната, во текот на изминатиот ден за само 12 часа паднале 42 литри дожд на метар квадратен, што е енормно голема количина на врнежи кои предизвикаа водотеците да донесат големи количини на вода, информира Општина Битола.

88

 

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски одржа координативен состанок со директорите на јавните претпријатија кои синоќа работеа на решавање на проблемите предизвикани од обилните врнежи од дожд. Дел од активностите продолжуваат и денеска.






Според податоците од мерната станица на хидросистемот „Стрежево“, која се наоѓа на браната, во текот на изминатиот ден за само 12 часа паднале 42 литри дожд на метар квадратен, што е енормно голема количина на врнежи кои предизвикаа водотеците да донесат големи количини на вода, информира Општина Битола.

Во стрежевската акумулација во моментов има 67,2 милиони метри кубни вода, а само во текот на вчерашниот ден се прибрани 3 милиони метри кубни вода, што е голема количина вода за кусо време.

Во текот на вчерашниот ден екипи на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“, АД Водостопанство, хидро-системот „Стрежево“ и „Комуналец“ излегоа на терен после 15 часот, откако се зголемија врнежите.

Локалната власт соопшти дека „Нискоградба“ интервенираше со 4 тешки машини во Боримечка, во делот на населбата Стрчин, Лавчански пат.

– Единствен застој во градот беше излевањето на реката Курдерес, која не можеше да ги прибере обилните количини на вода кај стариот „Прогрес“. Тој застој на улиците Крушевска и Македонска фаланга експресно брзо беше саниран и отстранет, за еден час беше решена ситуацијата, а до доцна во ноќта екипите го чистеа потегот на раскрсницата. „Нискоградба“ исто така делуваше и во селото Канино, Кажани, Ѓавато, Жабени и дел на каналот Сива вода и улицата Скоевска.
Денеска „Нискоградба“ со оператива интервенира во Кравари, Канино, Барешани и дел од Буковски ливади. „Водовод“ со две машини и екипи учествуваше во интеренцијата во Кравари, а денеска на потегот на Логоварди – соопшти Општина Битола.

Се чистат каналите каде што има застоени води.

АД Водостопанство „Битолско поле“ вчера делуваше со една машина, а денеска ќе делува и со гасеничар.  Вчера беше интервенирано на Велушка Река, кон селото Породин, кај Новачки пат кај фармите во Логоварди и во Кравари. Денеса се интервенира на потегот од Жебени кон Петтиот канал.

Во врска со каналскиот систем, Коњановски вели дека во текот на изминатата година благодарение на јавните претпријатија на Битола, а особено на АД Водостопанство „Битолско поле“ беа исчистени најголемите собирни канали на територијата на Општина Битола и пошироко, особено Петтиот канал, кој доколку не беше исчистен ќе имавме многу полоша ситуација.

– Во текот на вчерашниот ден ние немавме поплавени улици во градот, на толку обилни дождови, освен излевањето на Курделес, што направи краткотраен застој во одвивањето на сообракајот – истакнува Коњановски, упатувајќи благодарност во екипите кои во празничната ноќ се справуваа со проблемите предизвикани од обилните врнежи од дожд.

Поврзани содржини