ДОЈДОА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НОСЕЊЕТО ТУРИСТИ ПРЕД СЕЗОНА Мицкоски очекува 1,5 милиони туристи годинава
За годинава се очекува да се остварат 4 милиони ноќевања.
Премиерот Христијан Мицкоски, оцени дека растот на туризмот од 20% во првите четири месеци од годината има позитивен ефект врз економијата и дека владината политика на носење туристи пред сезона дава резултати. Тој очекува годинава да ја завршиме со 1,5 милиони туристи кои ќе оствварат повеќе од 4 милиони ноќевања.
– Тоа значи повеќе пари, за граѓаните кои што нудат услуга на овие туристи. Тоа значи дека, ако просекот е некаде околу 800 евра, дека секој од нив оставил, надвор од аранжманот. Тоа се навистина стотици милиони евра коишто ќе останат тука, кај нас, во угостителството, во услужната дејност итн. – рече Мицкоски
Тој за наредниот перод очекува заслување на темпото на туристички посети во земјава преку носење на туристи пред сезона.
– Обидот директно да преговараме со туроператори е успешен, 40.000 туристи од Западна Европа, веќе престојуваат тука, во вкупен број зборувам. Тоа се некаде околу 160.000 ноќевања, надвор од сезона, кога зборуваме за Охрид, иако и во другиот дел на државата, цела година е сезоната – вели тој.
Премиерот очекува следната година надвор од сезона да се реализираат половина милион повеќе ноќевања.
– Веќе разговараме со други туроператори и очекуваме повторно двоцифрен раст на туризмот. Влијае на бруто-домашниот производ, влијае на економскиот раст на државата. Минатата година имавме 1.200.000 туристи. Оваа година очекуваме до милион и пол да дојдеме. Минатата година имавме 3,5 милиони ноќевања, а оваа година очекуваме до 4 милиони ноќевања минимум да дојдеме – рече Мицкоски.