ДОЈДИ ПРЕД ВЛАДАТА, ЗА МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ДА БИДЕ ТВОЈА! Апел на ВМРО-ДПМНЕ за масовно присуство на митингот пред Владата во 20 часот

Од денес почнува последната битка за промените, се вели во соопштението на партијата, пред денешниот голем сенароден митинг.

567

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите граѓани денеска во 20 часот на платото пред владата на голем сенароден митинг, да им порачаат на власта дека нејзиното време завршило.

– Шест и пол години Македонија e понижувана, угнетувана, ограбувана. СДС уништи сѐ и ја уназади Македонија. За шест и пол години, колку што е СДС на власт, растот на БДП по глава на жител во Македонија е само 20%, додека кај земјите во регионот над 50%. Нема поголем доказ дека шест и пол години Македонија ја водат неспособни и криминални луѓе од ова – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Шест и пол години нема учебници за учениците, се краде на болните од рак, субвенциите доцнат. Време е да се случат промени. Време е Македонија да се исправи. Од денес почнува последната битка за промените, се вели во соопштението на партијата и се додава:

– ВМРО-ДПМНЕ има план и програма да донесе просперитет. За Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце!

 

Поврзани содржини
na