ДОЈДЕТЕ ВО КИЕВ ДА СИ ГИ ОСЛОБОДИТЕ СИНОВИТЕ Украинците им се обратија на мајките на заробените руски војници
Донесена е одлука да се предадат заробените руски војници на нивните мајки доколку дојдат да ги земат во Украина, во Киев, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Украинските власти денеска ги повикаа загрижените мајки на руските војници заробени на бојното поле да дојдат и да ги земат своите синови.
„Донесена е одлука да се предадат заробените руски војници на нивните мајки доколку дојдат да ги земат во Украина, во Киев“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Во соопштението не е прeцизирано за колкав број на заробени војници станува збор.