ДОЈДЕТЕ СИ ДОМА, ВРАТИТЕ ВИ СЕ ШИРУМ ОТВОРЕНИ, БИДЕТЕ СВОИ НА СВОЕТО! Порака до иселените македонски граѓани, од Форумот на повратници во Македонија

Вашето враќање не е симболично, тоа е суштинско. Вие покажавте дека искуствата и знаењата стекнати надвор не се губат кога ќе се вратите, туку добиваат смисла, стануваат темел за нови бизниси, нови работни места, нови идеи и нова енергија во нашата економија – рече премиерот Мицкоски на Форумот на повратниците.

847

Ние не можеме да се лутиме на оние кои заминаа, ги разбираме, знаеме дека заминаа затоа што сакаа подобро образование за своите деца, подобра работа, достоинствена плата, стабилен живот и тоа е нормална човечка потреба, борба за иднина, но исто така знаеме и нешто друго – колку и да оди човек далеку, срцето го влече назад, затоа што, како што мудро вели нашиот народ, каменот тежи на своето местото, само дома си свој. Вие што сте денеска тука сте жив доказ за тоа – рече премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Форумот на повратници во Македонија.

Мицкоски рече дека нивното враќање не е симболично и е порака дека корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува.






– Вашето враќање не е симболично, тоа е суштинско. Тоа е порака дека Македонија не е заборавена, дека корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува без разлика на годините и далечината – рече премиерот.

Мицкоски рече дека многумина заминале затоа што немале избор, не затоа што сакале да ја напуштат татковината туку затоа што животот, времето и околностите ги натерале да бараат подобри услови, сигурност и перспектива.

– Денеска зборувам пред луѓе кои носат посебна тежина во ова општество, луѓе кои ја знат татковината одвнатре и од надвор. Луѓе кои заминале, и што е најважно, луѓе кои се вратиле тука и започнале нова успешна приказна. Вие покажавте дека искуствата и знаењата стекнати надвор не се губат кога ќе се вратите, туку добиваат смисла, стануваат темел за нови бизниси, нови работни места, нови идеи и нова енергија во нашата економија. Ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење. Преку вашоиот пример денес испраќаме порака до сите наши луѓе ширум светот – Ве разбираме, Ве почитуваме, вратите Ви се широко отворени – рече премиерот Мицкоски на Форумот на повратници во Македонија.

По неговото излагање следуваа шест обраќања на Македонци, повратници од странство, кои решиле да го продолжат својот живот во Македонија, и тука да основаат свои бизниси во различни сфери. На форумот присуствуваа и се обратија претставници и раководители на повеќе државни институции, министерства и агенции.

Поврзани содржини