ДОЈДЕТЕ, ЌЕ ЗАГИНЕТЕ КАКО ХЕРОИ Пригожин ги повика Шојгу и Герасимов да го спасат Бахмут

Ајде, вие тоа го можете, а ако не можете, ќе загинете како херои, рече Пригожин во пораката која ја објави неговата прес-служба.

1,239

Првиот човек на платениците Вагнер призна дека Украинците зазеле делови од населбата Берхивка, северно од Бахмут и побара од рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу и од генералот Валериј Герасимов да дојдат на фронтот за да ги соберат трупите.

– Ајде, вие тоа го можете, а ако не можете, ќе загинете како херои – рече Пригожин.






– Сега дел од населбата Берхивка е веќе изгубен, војниците тивко бегаат. Срамота – вели Пригожин во аудио пораката што ја објави неговата прес-служба.

 

Платениците Вагнер го напуштија Бахмут минатиот месец откако го загуби градот по неколкумесечна битка, засега најдолга откако почна војната во Украина.

Поврзани содржини