ДОЈДЕТЕ ДА ВИДИТЕ КАДЕ ЖИВЕЕМЕ! Револтирани жители велат дека „Треска“ е темпирана еколошка бомба

Жителите велат дека претставниците на Партиципативното тело, упорно 4 години го опструираат развојот на овој предел и изразуваат револт што постојано една иста група поединци нема слух за нивната страна и нехуманите услови во кои живеат со децении.

1,044

Претставници на работничките станови на реонот „Треска“ изразија револт во врска со долгогодишната опструкција на изградбата на комплексот. Нивната реакција е поттикната по учеството на состанокот на Партиципативното тело за Треска, кое се одржа вчера во Општина Центар.

Жителите велат дека претставниците на Партиципативното тело, упорно 4 години го опструираат развојот на овој предел и изразуваат револт што постојано една иста група поединци нема слух за нивната страна и нехуманите услови во кои живеат со децении.






– Старата фабрика Треска е темпирана еколошка бомба и веќе години наназад претставува огромен безбедносен ризик за нас жителите кои живееме во бараките на потегот Рузвелтова и улицата Владимир Полежановски. Целиот простор со години е дувло за бездомници и наркозависници, а нашите бараки се мета на разбојништва, кои и покрај интервенциите на полицијата, продолжуваат да се случуваат практично секој ден. Постојано живееме во страв, не само за нашата материјална безбедност, туку и за безбедноста за нашиот живот, бидејќи на овој простор често доаѓа и до пожари поради крадење и палење на електричните кабли – велат жителите.

Тие ги покануваат сите кои сакаат да ја спречат градбата на овој комплекс, како и медиумите, да дојдат и да се уверат во какви услови живеат и тоа во центарот на Скопје, особено сега во периодот на дождови кога целиот простор се поплавува, или во пресрет на летната сезона кога од маслата и машините се соочуваат со наезда од инсекти, црви од по 20 сантиметри и змии.

– Треска е градот на духовите и претставува еколошка закана не само за нас жителите од оваа локација, туку и за целиот град Скопје. Јавно го прашуваме ова Партиципативно тело, како и организацијата „Шанса за Центар“, зошто противуставно се обидуваат со години да го загрозат нашето право на достоен живот, прво со незаконски мораториуми, а сега и со нелогични барања за реализација на некои конкурсни решенија кои воопшто не се во наш интерес? Го охрабруваме градоначалникот Горан Герасимовски конечно да го усвои планот на сопствениците на приватните парцели кај „Треска“, кој за разлика од моменталната ужасна состојба, предвидува комплекс со ниски згради и многу зеленило и како таков, нема никакви причини зошто да не се реализира – велат жителите.

Тие опоменуваат дека доколку дојде до какви било нови опструкции на предвидениот проект, остро ќе реагираат и ќе ги искористат сите правни механизми за да го добијат тоа што им е загарантирано, а тоа е единствено правото на достоинствен живот.

Поврзани содржини