ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА РАЗДЕЛБА Ливерпул го продава Салах

Египетскиот репрезентативец, наводно, барал неделна плата од 442.000 евра, што е за 186.000 евра повеќе од сумата која за една седмица ја заработува најплатениот играч во Ливерпул, Холанѓанецот Вирџил ван Дајк.

697

Премиерлигашот Ливерпул е подготвен да го продаде својот напаѓач Мохамед Салах, откако пропаднаа преговорите за продолжување на соработката, објавија денеска повеќе британски медиуми.

Египетскиот репрезентативец, наводно, барал неделна плата од 442.000 евра, што е за 186.000 евра повеќе од сумата која за една седмица ја заработува најплатениот играч во Ливерпул, Холанѓанецот Вирџил ван Дајк.






Според медиумите, раководството на Ливерпул отфрла каква и да е можност за исполнување на барањето на Салах и е подготвено да му дозволи на египетскиот напаѓач да замине од „Енфилд Роуд“ за сума од 70 милиони евра.

За еден од најдобрите светски фудбалери интерес покажува европскиот првак Реал Мадрид.

Поврзани содржини