„Дојде тетка од Германија“: Американец помисли дека неговата сопруга од Босна го учи на локални фрази, но сите „плачат“ од смеење! (ВИДЕО)

Асја, Босанка, која е омажена за Американецот, Сем, дошла до идеја како да се забавува себе си и нејзиниот сопруг и да го направи видеото на нејзиниот канал што е можно посмешно.

934

Учењето странски јазици е секогаш корисно и честопати може да биде и повеќе од интересно. Како и да е, најинтересните и најсмешните моменти се оние кога некој нè учи фрази за кои мислиме дека значат едно, а всушност претежно нивното значење е сосема поинакво.

Асја, Босанка, која е омажена за Американецот, Сем, дошла до идеја како да се забавува себе си и нејзиниот сопруг и да го направи видеото на нејзиниот канал што е можно посмешно.






Имено, во видеото што го објави на нејзиниот канал на „Јутјуб“, Асја се обидува да го научи Сем на некои босански фрази од секојдневниот разговор. Или барем тој така мислеше.

Асја сакаше да се потсмева со него, па му рече дека на „Добар ден“ се одговара со „Сакам да гушкам овци“. Сепак, таа не застана тука и му објасни дека на прашањето „Дали си гладен“, се одговара со „носам искинати чорапи“, додека „Јас прдам во сон“ беше одговорот на „Дали завршивте колеџ“.

Додека учеше босански јазик, Сем го „скрши“ јазикот, и секој одговор го повторуваше низ смеа неколку пати, поради што освои бројни симпатии на социјалните мрежи. Сепак, се надеваме дека Асја му објаснила како сето тоа било шега и дека кога ќе го прашаат „Од каде ти се парите“, тој навистина нема да одговори „Дојде тетка од Германија“, како што таа го научи да зборува.

Погледнете го и првото видео во кое Асја со учи Сем за зборува на босански јазик, во кое таа му како се кажуваат на некои работи на нејзиниот јазик, откако тој прашува на англиски.

Поврзани содржини