Дојде со ќеса од маркет, даде гол во ЛШ и замина дома со такси! (ВИДЕО)
Ова му е прв гол за сениорскиот тим во оваа сезона, прв во Лигата на шампионите и се верува дека е голем талент, па поради тоа привлекува огромно внимание кај медиумите.
На првиот натпревар од групната фаза од Лигата на шампиони, Барселона со 5:1 славеше против Ференцварош, сепак најголемото внимание го привлече 17-годишниот Педро Гонзалес Лопез, попознат како Педри кој беше стрелец на еден гол.
Ова му е прв погодок за сениорскиот тим во оваа сезона, прв во Лигата на шампионите и се верува дека е голем талент, па поради тоа привлекува огромно внимание кај медиумите.

Педри на мечот пристигна со ќеса од супермаркет, постигна гол, го прослави со соиграчите, а потоа со такси замина дома. Секако, овој 17-годишен талент се уште нема возачка дозвола, па поради тоа дома оди со такси.
🎥💥IMAGEN @elchiringuitotv @Pedri llegó al Camp Nou…¡¡EN TAXI!! #ChiringuitoBarcelona pic.twitter.com/v9xVAx0ZaC
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) October 20, 2020