ДОЈДЕ ПРОЛЕТ, ВРЕМЕ Е ЗА ЦВЕЌИЊА ВО ГРАДИНИТЕ И ВО ЧИНИИТЕ Глуварче, невен, темјанушка, хризантема, чај или салата?
Сок од рози, салата од багрем, зајачки леб и по некое цветче од зумбул, чај од јоргован... Како деца јадевме цвеќиња, собиравме камилица и правевме сок од рози, а еве и денес кулинарските специјалитети и декорациите од јадливи цвеќиња се во мода и можат да се најдат на менито на многу ресторани. Сепак, треба да се бираат само оние цвеќиња што растат на незагадени места и не се хемиски третирани.
Јадливите цвеќиња во гастрономијата не се ништо ново, но последниве години се во мода и можат да се најдат на менито на многу ресторани. Иако ние како деца јадевме багреми, ливчиња од рози, па дури и зумбули и јорговани, треба да се биде внимателен во изборот на оние што ќе ги вклучите во својата исхрана.
Како деца си правевме сок од розите на мајка ми, јадевме багреми од дворот на соседите, ги јадевме и оние црвени бобинки што ги викавме зајачки леб (незнам зошто), а растеа заедно со зелените листови како ограда во некои дворови, јас знаев да си поткаснам и по некое цветче од зумбул, а знаевме да пробаме и од јоргованот што растеше во дворовите на секоја втора куќа на нашата улица. Денеска кулинарските специјалитети и декорациите од јадливи цвеќиња се во мода и можат да се најдат на менито на многу ресторани. Цветните специјалитети се лесни за подготовка, но треба да се бираат само оние цвеќиња што растат на незагадени места и не се хемиски третирани.
Повеќе за ова на порталот на „Арт кујна“.