📽️ ДОЈДЕ ПАРНОТО ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ НАСЕЛБИ ПО НЕКОЛКУЧАСОВЕН ДЕФЕКТ Пукнала цевка во објект на булеварот Крсте Мисирков

Повеќе скопски населби од пладне немаа топлинска енергија поради експлозија во системот за централно греење на зграда во Скопје. На социјалните мрежи се се појави снимка на која може да се види пукнатата цевка. Подоцна, кон 17 часот, ЕСМ објави дека парното пристигнало за најголем дел од потрошувачите во ентар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда.

9

Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, по денешниот прекин поради дефект лоциран на булеварот Крсте Мисирков, соопшти попладнево ЕСМ снабдување со топлина.

Повеќе скопски населби од пладне немаа топлинска енергија поради експлозија во системот за централно греење на зграда во Скопје. На социјалните мрежи се појави снимка на која може да се види пукнатата цевка. Според објавеното на Фејсбук, експлозијата на цевката се случила во станбена зграда.






Чадот од пареата се прошири во околината:

„Екипите на ЕСМ Дистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот“, се вели во информацијата објавена на веб страницата на ЕСМ снабдување.

Според ЕСМ дефектот предизвикал прекин на испорака на парното на улиците:

Григор Прличев бр.3 – Институт за национална историја и ОЈО за организиран криминал
Григор Прличев бр.5 – Институт за македонска литература
Гоце Делчев ББ и бр.4 – Основен суд 1 и Основен суд 2
Гоце Делчев бр.5 – Кривичен суд
Гоце Делчев бр.18 – МРТВ
Димитар Влахов ББ – МКЦ
Крсте Мисирков ББ – Апелационен суд
Крсте Мисирков ББ – Факултети и Ректорат
Крсте Мисирков бр.2 – МАНУ
Крсте Мисирков бр.7А, 7Б, 9, 11, 13, 15, 17
Филип II Македонски бр.22
Ул.191 бр.14Б
Битпазарска ББ – Национална галерија Чифте амам
Дрварска бр.20
Евлија Челебија ББ – Музеј на Македонија и Национален конзерваторски центар
Маракие Фрчковски бр.8 – Црква Св.Спас
Покриена Чаршија бр.66 – Факултет за ликовна уметност
Прохор Пчински бр.30 – ОУ Јане Сандански
Петре Георгиев бр.22 – ОУ Конгреси и манастирит.

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100, се вели во информацијата од ЕСМ снабдување.

Поврзани содржини