ДОЈДЕ НЕНАЈАВЕН И ГО РАСПЛАКА ЗЕМАН Ова е последното појавување на Синиша Михајловиќ во јавноста (ВИДЕО)

Последен пат Синиша Михајловиќ беше виден во јавноста пред неколку дена, на 7 декември, кога ненајавен пристигна на промоцијата на книгата на познатиот тренер Зденек Земан во Рим, кој беше негов голем пријател.

1,115

Смртта на фудбалската легенда Синиша Михајловиќ го шокираше фудбалскиот свет.

Тој не успеа да издржи во животната битка со леукемијата и почина денеска на 53 години.






Последен пат беше виден во јавноста пред неколку дена, на 7 декември, кога ненајавен пристигна на промоцијата на книгата на познатиот тренер Зденек Земан во Рим, кој беше негов голем пријател.

Земан беше толку изненаден што не можеше да ги сокрие солзите.

– Зденек не освои премногу пехари, но всушност тој е меѓу најтрофејните тренери на светот, бидејќи создаде многу фудбалери и донесе нова димензија во италијанскиот фудбал. Остави неизбришлива трага во Калчото – изјави тогаш Михајловиќ.

Поврзани содржини