ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ СЕ ЛАЖНИ Завршија проверките во училиштата во Скопје и во Прилеп
Веднаш по пријавите полициски службеници извршиле безбедна евакуација на објектите, а потоа биле направени детални проверки при што е утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.02.2023) во 18.30 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и во Прилеп по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – информираат од МВР.
НОВИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ Проверка се врши во 16 училишта во Скопје и четири во Прилеп