ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО УЧИЛИШТА, МОЛОВИ, МРТВ, „ЏЕВАХИР“… Евакуирани сите објекти
Екипите од МВР се на терен и вршат детални проверки за овие дојави.
Денеска околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа, соопшти МВР.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, се додава во соопштението.