ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО КОЧАНСКИ УЧИЛИШТА Полицијата констатираше дека дојавите се лажни

Неофицијално, имало пораки (мејлови) за поставени бомби и во основните училишта „Никола Карев“, „Малина Попиванова“ и „Светки Кирил и Методиј“.

70

Претпладнево пристигна дојава за поставени бомби во основните и средните училишта во градот Кочани.

Неофицијално, имало пораки (мејлови) за поставени бомби и во основните училишта „Никола Карев“, „Малина Попиванова“ и „Светки Кирил и Методиј“.






Надлежните органи од кочанската полиција извршија детална проверка и сè уште се на лице место.

Констатирано е дека се работи за лажна дојава, по ова наставата се одвива непречено. Во меѓувреме се истражува од каде дошле лажните електронски пораки и откривање на испраќачот.

Поврзани содржини