ДОЈАВА ЗА БОМБИ ВО 100 УЧИЛИШТА ВО БЕЛГРАД Родителите се информирани да не ги пуштаат децата на училиште

Министерството за образование на Србија подоцна објави дека  дојави за бомба имало во  78 основни и 37 средни училишта во Белград.

352

Утрово на адресите на неколку белградски училишта е пристигната дојава за бомба, објавија српските медиуми.

Српското  МВР соопшти дека информација за дојава за бомби добиле од основни и средни училишта, а полицијата е на терен.






На родителите со пораки им било кажано да не ги носат децата во прва смена, а за попладневната смена ќе бидат известени дали треба да дојдат или не.

Министерството за образование на Србија подоцна објави дека  дојави за бомба имало во  78 основни и 37 средни училишта во Белград.

Поврзани содржини