🎥 ДОЏА КАТ ШОКИРА НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НАГРАДИ НА ЕМ-ТИ-ВИ Додека позираше на црвениот тепих го изде карминот за усни

Таа се појави на црвениот тепих во впечатлива тоалета од „Balmain“, со обемна фризура и торбичка за кармин, потпишана од „Judith Leiber Couture“.

1,556

Американската раперка, пејачка и текстописец Доџа Кат уште еднаш докажа дека е кралица на црвениот тепих кога станува збор за неочекувани потези. На доделувањето на наградите на MTV во 2025 година, пејачката ја шокираше публиката кога буквално го изеде карминот.

Таа се појави на црвениот тепих во впечатлива тоалета од „Balmain“, со обемна фризура и торбичка за кармин, потпишана од „Judith Leiber Couture“. Нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на фотографите и медиумите.






Додека позираше, Доџа извади кармин од чантата за да го нанесе на усните. Но, наместо вообичаеното дотерување на шминката, следеше шокантен момент – таа одгриза големо парче кармин.

Поврзани содржини