ДО 800 КИЛОМЕТРИ НА ЕДНО ПОЛНЕЊЕ, ПОИСПЛАТЛИВО ОД ДИЗЕЛ Тесла го претстави својот Семи Трак камион (ВИДЕО)

Ако сте камионџија и ја сакате најфраерската машина за на пат, ова е тоа, изјави Илон Маск на видео-презентацијата во фабриката на Тесла во Невада во САД.

1,636

Два ипол пати помали трошоци од обичен камион кој вози на дизел би имале ако го користите новиот електричен Семи Трак камион на најбогатиот човек во светот, пишува ИнтересноИнженерство. Семи може да заштеди до 200.000 долари во првите три години, а корисите помалку од 2 киловат часови на изминат километар ипол. Прв што ќе го користи ќе биде компанијата за пијалаци „Пепси“. Тие ќе можат на едно полнење да превезат лименки до 800 километри.

– Ако сте камионџија и ја сакате најфраерската машина за на пат, ова е тоа – изјави Илон Маск на видео-презентацијата во фабриката на Тесла во Невада во САД.






Еве како изгледа новиот камион:

 

 

Поврзани содржини