ДО 6 ПАТИ ПОНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА ГРАЃАНИТЕ СО СЕПА СИСТЕМОТ Славески ги оцени првите трансакции како историски
До 6 пати пониски трошоци за граѓаните. До 8 пати пониски трошоци за компаниите, објави гувернерот на Народната банка Трајко Славески на платформата Икс обзнанувајќи дека денеска, 7 октомври, се направени првите трансакции преку СЕПА системот.
Гувернерот на Народната банка попладнево соопшти дека се направени првите трансакции преку СЕПА системот.
„Историски ден за нашата држава! Денес се направени првите трансакции преку СЕПА – системот што ја приближува Македонија кон европското платежно подрачје. До 6 пати пониски трошоци за граѓаните. До 8 пати пониски трошоци за компаниите“, објави гувернерот Трајко Славески на платформата Икс.
Од денеска практично во државава почна примената на истите правила за прекугранични плаќања во евра како и во земјите од Европската Унија. Со приклучувањето кон СЕПА, прекуграничните плаќања во евра стануваат поевтини и побрзи како за граѓаните, така и за компаниите.
🇲🇰 Историски момент за нашата земја!
Направени се првите трансакции преку СЕПА – до 6️⃣ пати пониски трошоци за граѓаните и до 8️⃣ пати пониски трошоци за компаниите.#SEPA #НароднаБанка #ФинансискаИнтеграција #ИсторискиДен pic.twitter.com/zR4wtSXDzH— Народна банка на Република Северна Македонија (@narodna_banka) October 7, 2025
Приклучувањето кон СЕПА денеска го поздрави и министерката за финансии која оцени дека ова е значаен исчекор кон унапредување на условите за работење и живеење во Македонија, прилагодувајќи ги стандардите на земјата кон европските.