До 30 април се продолжува рокот за поднесување ДДВ пријава
Рокот за поднесување на пријавата се продолжува за пет дена на барање на сметководителите,
Управата за јавни приходи денеска соопшти дека рокот за поднесување ДДВ-04 е продолжен за пет дена, односно оти крајниот рок е 30 април.
– Согласно препораките на Владата за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата предлог Уредби со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување обрасци и плаќање даночни обврски. Согласно ова, крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период 01.01.2020-31.03.2020 и даночниот период 01.03.2020-31.03.2020 од 25.04.2020 се продолжува за 5(пет) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 30.04.2020 година – велат од УЈП.
Ова одлагање на рокот за поднесување на пријавте за ДДВ го бараа и сметководителите.