ДО 250.000 ДЕНАРИ ПЛУС ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Почнете сопствен бизнис со 10.000 евра од Оперативниот план за вработување

Со првата мерка се доделува грант од 430.500 денари, за граѓаните над 29 години, а со втората се доделува грант до 615.000 денари за лицата до 29 години, за започнување сопствена дејност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

164

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на создавање нови работни места со цел младите да останат во државата, соопшти владејачката партија.

„Грижата на Владата за младите продолжува преку сеопфатна стратегија и оперативен план од 40 милиони евра кој ќе опфати над 16.000 граѓани. Се објави јавниот повик од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кој се однесува на 2 нови мерки наменети за невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Преку мерката 1.1 се доделува грант од 430.500 денари (околу 7.000 евра), за граѓаните над 29 години, а преку мерката 1.2 се доделува грант до 615.000 денари (10.000 евра) за започнување сопствена дејност за лицата до 29 години“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






За лицата со попреченост се предвидени до 250.000 денари над основниот грант, со цел да се создадат еднакви услови за сите заинтересирани, се додава во соопштението.

„Двете мерки вклучуваат и целосна поддршка преку обука за претприемништво, изработка на бизнис-план и шестмесечно менторство, со цел граѓаните не само да добијат финансиска поддршка, туку и знаење и насоки за успешно водење на сопствен бизнис. Преку мерките и проектите владата ја потврдува посветеноста на создавање на инклузивен пазар на трудот и зајакнување на поединецот како клучен актер во економскиот развој на земјата. Преку овие мерки се создаваат реални улови за развој, вработување, самовработување, како и развој на претприемништвото и долгорочен економски раст“, се вели во соопшрението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини