ДО 2031 ГОДИНА ЌЕ „ПАДНЕ“ ВСЕЛЕНСКАТА СТАНИЦА НАСА ќе ја собори во јужниот Тихи Океан

Се проценува дека државите со активна вселенска програма, како што се САД, Русија, Јапонија и европските земји, во „Точката Немо“ во Тихиот Океан уништиле повеќе од 263 парчиња вселенски отпад од 1971 година досега.

266

НАСА има намера да ја одржи веќе застарената Меѓународна вселенска станица (МВС) во функција до крајот на 2030 година, по што планира буквално да ја собори и да ја урне во делот од Тихиот Океан познат како „Точката Немо“.

Работата на МВС почна во 1998 година, а од 2000 таму престојуваат астронаути и спроведуваат научни истражувања. Досега, повеќе од 200 астронаути од 19 различни земји биле испратени на МВС.






– Приватниот сектор, со помош на НАСА, е технички и финансиски способен да развива и управува со комерцијални дестинации во ниската орбита. Со нетрпение очекуваме да го споделиме нашето оперативно искуство со приватниот сектор за да му помогнеме да развие безбедни и сигурни капацитети за Вселената – изјави Фил Мекалистер од НАСА.

МВС ќе се најде во „Точката Немо“ до јануари 2031 година. Областа именувана по Немо, капетанот на подморница од романот „20.000 милји под морето“ на Жил Верн, е место во океанот доста оддалечено од копното и долго време служи како еден вид депонија за искористени вселенски летала и отпад. Се проценува дека државите со активна вселенска програма, како што се САД, Русија, Јапонија и европските земји, тука уништиле повеќе од 263 парчиња вселенски отпад од 1971 година досега.

Русија изјави дека ќе се откаже од проектот МВС во 2025 година и дека планира своја вселенска станица, која би можела да биде лансирана во 2030 година. Кина го лансираше првиот модул на својата вселенска станица лани. Иако тој не е толку голем како МВС, кинескиот сателит се очекува да биде целосно оперативен до крајот на годинава.

Поврзани содржини