До 15 јули сите пријавени ќе бидат вакцинирани

Списокот на пријавени за вакцинација е ревидиран и останати се околу 140.000 граѓани од сите возрасти кои ќе добијат термин за вакцинирање во следните две недели.

630

До 15 јули сите пријавени ќе бидат вакцинирани, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Сто илјади вакцини од производителот „Фајзер“ кои стасуваат денеска попладне ќе бидат распределени во големите центри за имунизација и тоа во 8 центри во земјата каде што има фрижидери за нивно чување. А кинеските вакцини на „Синовак“ ќе ги има и во големите и во малите центри за имунизација.






Списокот на пријавени за вакцинација е ревидиран и останати се околу 140.000 граѓани од сите возрасти кои ќе добијат термин за вакцинирање во следните две недели.

Вакцините што ќе стасаат денеска од „Фајзер“ и в недела од „Синовак“ (500.000) се наменети за 300.000 граѓани.

Филипче најави дека се подготвува системот и за теренска вакцинација.

– Кога ќе се истрошат сите термини со сите пријавени, пунктовите ќе бидат отворени – рече Филипче.

Во однос на понудата за вакцини од Словачка министерот објасни дека сега имаме доволно вакцини.

– Ако стигне некоја количина вакцини и има ризик после да истече рокот, таа после треба да се уништи – додаде тој.

Вакцинирањето на наставниците засега нема да биде задолжително, но граѓаните треба да бидат свесни за важноста на вакцинацијата, нагласи Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Поврзани содржини