ДО 15 ЧАСОТ ГЛАСАЛЕ 34,22 ОТСТО ОД ГЛАСАЧИТЕ Изборниот процес се одвива мирно и без поголеми проблеми

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изјави дека изборниот процес во целата држава се одвива мирно и без поголеми проблеми.

324

Државната изборна комисија информира дека на локалните ибори  до 15 часот гласале  34,22 отсто од гласачите во земјава.

Најголема излезност, според ДИК има во Вевчани каде гласале 66,54 отсто од гласачите.






Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изјави дека изборниот процес во целата држава се одвива мирно и без поголеми проблеми, додека сите проблеми со афингерпринт апаратите се решени.

– Во цела држава сегласа мирно и со користење на уредите за отпечаток на прст,без никакви проблеми, вели Даштевски.

Тој информирадека досега имало 311 приговори за повреда на избирачкото право. Прифатени се 268, одбиени се 25, додека 18 од лицата ги има во избирачкиот список.

 

Поврзани содржини