ДО 11 ЧАСОТ ОДЗИВОТ Е 10,1 ОТСТО Највисока е излезноста во Пробиштип, најмала во Шуто Оризари
Гласањето се одвива непречено без поголеми проблеми, информира Државната изборна комисија.
Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува 10,1 проценти, согласно податоците добиени од 1.276 избирачки места, односно од 92, 94 проценти. Одзивот на ниво на град Скопје до 11 часот е 8,30 проценти, според податоците и од 611 избирачки места, односно 89,20 проценти.
Портпаролката на Државната изборна комисија, Радица Тодорвска истакна дека гласањето се одвива непречено без поголеми проблеми, освен помал технички проблем во Дојран со апаратот за отпечатоци, каде гласањето е продолжено на стариот начин на гласање со УВ ламба и спреј.
До 11 часот највисока е излезеноста на гласачите во Пробиштип, каде гласале 22 проценти од избирачите и во Крушево, каде гласале 19,92 отсто. Најмала е во општините Боговиње со 6,67 и во Шуто Оризари со 5,93 отсто.