До 10 август ќе се знае дали ќе „заиграат“ моливите во септември
Во меѓувреме општините треба да направат акциски план според бројот на ученици. Има општини каде децата се малку и ќе може да се запази дистанцата па ирелеванто е тие дечиња да седат дома. Во поголемите опшини, пак, се разгледува комбиниран модел на учење.
До 10 август ќе има конечна одлука како ќе започне и како ќе се реализира новата учебна година, информираат од Mинистерството за образование, објави Канал 5.
Од таму објаснуваат дека и натаму остануваат на ставот дека наставата во училница е незаменлива и дека затоа се прават напори да се создадат модели од 1 септември учениците да седнат во училишните клупи.
Пред неколку дена заменик-министерката за образование Елизабета Наумовска објасни дека ако се почитуват мерките на Комисијата за заразни болести, децата ќе бидат безбедни во училиште.