Општина Велес распиша конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2020 година, која се доделува за прозни литературни остварувања на автори од земјава, објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.
Како што информираше денеска на прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски, право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои од јуни 2019 година до мај 2020 година објавиле прозни дела на македонски автори.