До 1.000 долари казна за лицата кои не носат маски

Кој не носи маска што ги покрива носот и устата на места каде што е задолжително, како што се продавници и јавен превоз, ќе треба да плати казна од 25 евра во Австрија, а во Тексас казната е 1.000 долари

1,222

Австриската полиција од денеска ќе ги казнува сите лица кои не ги почитуваат мерките на Владата за борба против коронавирусот.

Кој не носи маска што ги покрива носот и устата на места каде што е задолжително, како што се продавници и јавен превоз, ќе треба да плати казна од 25 евра. За сите други прекршоци, предвидена е глоба од 50 евра.






Досега полицијата само поднесуваше обвиненија против прекршителите на мерките, како што е непридржување доволно растојание од најмалку еден метар до други лица или собир на повеќе луѓе, а надлежните органи потоа ги испраќаа казните на домашна адреса.

Новата регулатива и дозволува на полицијата да врши контрола во јавниот превоз и во продавниците и да ги казни прекршителите на лице место.

Во Тексас, пак, стапи на сила одлуката за казна од илјада долари за лицата кои не носат маска за заштита од новиот вирус Ковид-19.

Сторед таа одлука, сите лица постари од пет години мора во секој момент да имаат маска преку носот и устата кога влегуваат во продавница или аптека.

Донесена е одлука и за казнување на лицата кои се возат повеќе од двајца во автомобил. Таа казна исто така изнесува илјада евра.

Во Тексас бројот на заболени е 11.600, а како последица на вирусот починаа 226 лица.

 

Поврзани содржини