ОВЕН
(21 март – 19 април)
Добар ден да се поврзете со некого. Вие секогаш сакате да бидете пионер во животот и да ги правите работите самостојно, но денеска придобивките од блискоста со пријател, партнер или со група, стануваат очигледни.
Работа: Не сте подготвени за нови обврски.
Љубов: Лицето што ви се допаѓа е зафатено.
Здравје: Подложни сте на инфекции.
БИК
(20 април – 20 мај)
Во фокусот е вашата работа, но и здравјето. Склони сте да решавате битни практични проблеми. Денеска ќе постои и тенденција за недоразбирање или погрешно комуницирање, но само во првата половина на денот.
Работа: Ви недостасува стратегија, ама и енергија.
Љубов: Напредувате во врската.
Здравје: Стомачни тегоби.
БЛИЗНАЦИ
(21 мај – 21 јуни)
Можеби ќе најдете начини или ќе правите планови што ќе ви помогнат да ги проширите вашите лични хоризонти. Месечината е во секторот за забава и игри, па веројатно ќе се посветите на рекреација. Бидете флексибилни со другите луѓе, за да не бидете фрустрирани.
Работа: Стабилно.
Љубов: Сакате да ја подигнете врската на повисоко рамниште. Дали тоа го посакува и вашиот партнер?
Здравје: Добро.
РАК
(22 јуни – 22 јули)
Денеска ќе бидете склони да се држите до познати ситуации. Концентрирањето на создавање поголема хармонија во домот, без разлика дали барате рамнотежа во вашите интеракции со блиските или нешто креирате во домот, може да биде добра работа. Но само ако сте флексибилни.
Работа: Држете се до рутината, нема да ве изневери.
Љубов: Средба со лице кое ќе ви понуди врска без обврски.
Здравје: Одлично.
ЛАВ
(23 јули – 22 август)
Ова може да биде напорен ден, а дел од причината за тоа е вашата силна љубопитност. Не сакате да бидете врзани за еден проект, за едно место. Оваа склоност се должи на поместувањето на Месечината во вашиот комуникациски сектор. Одлично за промена, но може да доведе до тешкотии во концентрирањето.
Работа: Одморете малку, вашите колеги можат и без вас.
Љубов: Без изненадувања.
Здравје: Обрнете внимание на кардиоваксуларниот систем.
ДЕВИЦА
(23 август – 22 септември)
Вашите лични искуства и цели се во фокусот. Но, сега повеќе ве интересира малку да забавите и да го цените она што го имате. Денеска ќе барате утеха и задоволство во она што е ваше.
Работа: Време за довршување на запоставените обврски.
Љубов: Директни сте кон лицето што го посакувате. Можеби баш тоа му пречи.
Здравје: Солидно.
ВАГА
(23 септември – 22 октомври)
Најдобро е да избегнувате претпоставки за тоа што другите зборуваат за вас. Трпението ќе ве служи добро. Денеска може да имате силна желба да преземете акција, без оглед што не ви е сосема јасно како да ја канализирате таа енергија.
Работа: Стабилно на работно место
Љубов: Препуштете му ја иницијативата на партнерот.
Здравје: Можни проблеми со забите.
СКОРПИЈА
(23 октомври – 22 ноември)
Месечината неколку дена се повлекува во вашиот сектор за приватност. Внимавајте, во првата половина од денот има тенденција да размислувате премногу, да ветите повеќе отколку што е добро за вас. Не претерувајте и не создавајте кај другите премногу високи очекувања.
Работа: Избегнувајте ризици што можат да доведат до загуби.
Љубов: Не го игнорирајте вашиот внатрешен глас денеска.
Здравје: Зашеметени сте. Проверете го притисокот, можеби е понизок од вообичаеното.
СТРЕЛЕЦ
(23 ноември – 20 декември)
Денес и утре, најдобро е да се фокусирате на полесни теми и да се посветите на дружење. Ова е време кога ја препознавате и ја цените вредноста на групата, на тимот. Посакувате нешто необично или неконвенционално во вашиот романтичен живот.
Работа: Предизвик.
Љубов: Ја пронајдовте љубовта на вашиот живот. Убаво е така човек да си мисли…
Здравје: Главоболки.
ЈАРЕЦ
(21 декември – 19 јануари)
Вашето внимание е на вашата работа. Свесни сте за сопствениот имиџ и за вашите одговорностиа. И другите се повеќе свесни за вас, особено во однос на она што сте го направиле, или не сте го направиле.
Работа: Може да се чувствувате како да сте под одреден притисок, но луѓето од вас само очекуваат да дадете се од себе.
Љубов: Партнерот ќе ви приреди непријатно изненадување.
Здравје: Стрес.
ВОДОЛИЈА
(20 јануари – 18 февруари)
Денеска повеќе ве интересираат вашите лични доживувања и не сакате да се грижите за ситници. Во првата половина на денот, може да има тенденција да претерувате во обврска со нешто што е кажано за вас. Ќе имате чувство дека луѓето зборуваат за вашите маани.
Работа: Оставате впечаток дека сте ладни и бесчувствителни. Но, вие сте роиден лидер и тоа не ви пречи.
Љубов: Ако вашиот партнер е во знакот Рак, проблемите во врската можеби се нерешливи.
Здравје: Проблеми со желудникот.
РИБИ
(19 февруари – 20 март)
Денеска е особено нагласена тенденцијара да барате рамнотежа. Се обидувате да ги средите вашите најдлабоки чувства. Тоа може да ви помогне да стапите во контакт со она што навистина ве мотивира и ве придвижува.
Работа: Компликациите на работа се избегнуваат едноставно – не комплицирајте.
Љубов: Интересно познанство, ќе видиме што ќе излезе од тоа.
Здравје: Рехидрирајте!