ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 18 АВГУСТ Новата Месечина носи свежа енергија и предизвици

1,289

ОВЕН

(21 март – 19 април)






Денеска може да има лажни наведувања или лоши инструкции со кои ќе треба да се справите. Сочувајте го духот и забавувајте се, тоа може да помогне. Вечерва новата Месечина ве поттикнува да ги искажете своите чувства и да се посветите повеќе на креативност, романтика, уживање и забава. Време е да се отворат некои нови врати.

Работа: На повидок пречки што треба да ги совладате.

Љубов: Подобро врапче в рака…

Здравје: Чувствителни сте на промени на времето.

 

БИК

(20 април – 20 мај)

Дел од вас претпочитаат да останат во зоната на удобност. Дел од вас, пак, сакаат да експериментираат. Една мала промена во вашиот изглед или во околината, на пример, може многу поволно да се одрази на вашиот живот. Новата Месечина вечерва носи свежа енергија во вашиот живот, особено на личен и семеен план.

Работа: Не ви недостасува решителност. Искористете го тоа.

Љубов: Ново познанство.

Здравје: Одлично.

 

БЛИЗНАЦИ

(21 мај – 21 јуни)

Ако денеска избрзате, може да удрите со главата во ѕид. Како и да е, во претстојните денови ќе остварите вредни, среќни врски и контакти, ќе ги подобрите своите вештини и ќе дојдете до нови идеи. Денеска сепак само размислувајте за вашите цели и за решенијата.

Работа: Нервоза и недостиг на самодоверба. За кратко…

Љубов: Ако сте во врска со Овен, денеска ќе имате проблеми.

Здравје: Чувајте се од повреди.

 

РАК

(22 јуни – 22 јули)

Можеби треба да побарате нови стратегии за да се справите со вашите одговорности. Сегашните можат да ве поткопаат кога најмалку очекувате. Интеракциите со пријателите можат да ви помогнат да се пренасочите. Можеби е време за некои одлуки поврзани со бизнисот, финансиите и со зајакнувањето на вашето чувство за безбедност.

Работа: Денеска размислувајте како да заработите повеќе пари.

Љубов: За вас ќе покаже интерес некој за кој не сте верувале дека ќе ви обрне внимание.

Здравје: Чувајте се од алкохол и од цигари.

 

ЛАВ

(23 јули – 22 август)

Вечерва новата Месечина се појавува во вашиот знак, укажувајќи на нов почеток на личен план. Во наредните денови, ќе чувствувате поголема моќ да направите промени и да го насочите вашиот живот таму каде што сакате. Вие сте позабележителни и подинамични од вообичаеното, а луѓето ве ценат и често пати од вас бараат мислење.

Работа: Планирајте внимателно и тактизирајте.

Љубов: Флерт.

Здравје: Време е за рутински преглед на лекар, дамите на гинеколог.

 

ДЕВИЦА

(23 август – 22 септември)

Потребно ви е дополнително време за да се посветите на преиспитувањето, но можеби тоа е залудна работа. Олабавете се малку, уживајте и пробајте нови нешта и нови пристапи. Интересните луѓе и идеи можат да ви помогнат.

Работа: Борбата со претпоставените е залудно трошење време.

Љубов: Ви недостасува искреност со партнерот.

Здравје: Моѓни проблеми со видот.

 

ВАГА

(23 септември – 22 октомври)

Време е за компромиси и за тактичко повлекување, ако е неопходно. Имате поддршка, а кокетирате и со нови идеи, концепти и активности или начини на поврзување. Тоа е добро, но бидете внимателни.

Работа: Имате контрола врз ситуацијата.

Љубов: Добро ви оди.

Здравје: Внимавајте на имунитетот.

 

СКОРПИЈА

(23 октомври – 22 ноември)

Техничките проблеми можат привремено да одложат некој проект или план. Несигурноста во вашите перформанси и во одговорностите денеска можат да ве оптоварат. Тие може да ја поткопаат вашата самодоверба.

Работа: Наспроти се, ве очекува успех.

Љубов: Романтика, романтика…

Здравје: Топ!

 

СТРЕЛЕЦ

(23 ноември – 20 декември)

Невообичаени активности, такви што ве оттргнуваат од вашата рутина, може да бидат особено корисни во наредната недела. Луѓето се привлечени кон вас, а вие особено добро ги презентирате вашите идеи и мисли. Умно искористете го тоа.

Работа: Дилеми и преиспитување на работното место. Не грижете се, ќе ја пребродите ситуацијата.

Љубов: Ништо ново.

Здравје: Медитирајте.

 

ЈАРЕЦ

(21 декември – 19 јануари)

Малите проблеми со кои ќе се соочите денеска може да бидат добар показател за тиоа како еден ден ќе се справувате со големите проблеми, ако сега не обрнете внимание. Вечерва новата Месечина може да ве поттикне во претстојната недела да ја следите страста.

Работа: Предизвик.

Љубов: Флерт, можеби дури и и афера. Размислете дали се исплати.

Здравје: Коректно.

 

ВОДОЛИЈА

(20 јануари – 18 февруари)

Денеска може стане важно да расчистите некои работи од минатото или во вашиот ум. Може да избегате од предизвикот, но не за долго. Подготвени сте да прифатите промена, ако ветува напредок и подобрување. Неделата што доаѓа може да биде време за подобрување на врската, за договарање, преговорање и за поврзување.

Работа: Нема да изневерите.

Љубов: Не сте задоволни од партнерот. Обидете се да разберете каде е проблемот.

Здравје: Чувајте се од настинки, особено на променливо време.

 

РИБИ

(19 февруари – 20 март)

Можеби ќе направите пауза од лошата состојба. Подготвени сте да прифатите промени, напредок и иновации. Вечерва новата Месечина ви носи енергија за преземање акција, за напредување во работата, но и во здравјето и навиките. Таа ја поставува сцената за нови почетоци или нови пристапи во овие области.

Работа: Ви недостасуваат вистински информации за деловен потфат.

Љубов: Имате ли впечаток дека некако прелесно ви оди?

Здравје: Внесувајте повеќе магнезиум и калиум.

Поврзани содржини