ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 17 АВГУСТ Важни одлуки на работа, овните да се корегираат, скорпиите ќе имаат проблеми

1,428

ОВЕН

(21 март – 19 април)






Денеска фокусот е на вашиот сектор на љубовни врски, забава, задоволство и креативност. Може да доживеете силен порив да се изразите на креативен, единствен начин. Може да научите и нови детали за креативни проекти, односи или финансиски прашања што ве засегаат. Една романтична врска може силно да се одрази на вашиот живот.

Работа: Време е да зе корегирате, во минатото носевте и погрешни одлуки.

Љубов: Секој е ковач на својата среќа.

Здравје: Храната не е решение за лошото расположение.

 

БИК

(20 април – 20 мај)

Ова може да биде време за значајни разговори за или со семејството, бидејќи Сонцето и Меркур ги здружуваат силите во вашата соларна четврта куќа. Условите за живеење можат да бидат тема за која ќе расправате. Менталната активност денеска ќе биде силна и можеби ќе уживате во ковањето планови, во решавањето проблеми и занимавањето со детали.

Работа: Бидете внимателни, сепак дозволете некои нешта да се завршат и без вас.

Љубов: Слушнете што има партнерот да ви каже.

Здравје: Вардете се од настинка, особено на бубрезите.

 

БЛИЗНАЦИ

(21 мај – 21 јуни)

Внимавајте, вашата интуиција не е целосно ангажирана и подобро е повеќе да набљудувате и да размислувате, отколку брзоплето нешто да заклучите. Обрнете особено внимание на деталите, на вестите и на идеите што можат да се појават, бидејќи тие можат да бидат значајни.

Работа: На промените на работното место мора да се навикнете.

Љубов: Инертни сте и во овој период тоа и не е лошо.

Здравје: Брза храна не, овошје и зеленчук да, витамини ви недостасуваат.

 

РАК

(22 јуни – 22 јули)

Прашањата во врска со парите и со практичните нешта ќе бидат во фокусот. Можеби ќе добиете нова идеја. Не е исклучено да одлучите брзо да ставите крај на нешто што треба да остане во минатото. На овој начин, ќе можете да продолжите напред, чувствувајќи се полесни и посреќни.

Работа: Пред вас е важна одлука. Бидете рационални.

Љубов: Ако сте слободни, време е да пробате нешто ново.

Здравје: Проблеми со ‘рбетот.

 

ЛАВ

(23 јули – 22 август)

Вие сте ентузијасти, подготвени за акција и за брза комуникација денеска. Внимавајте да не избрзувате, бидејќи имате моќен глас и храброст да го кажете своето мислење. Тоа не е секогаш предност. Исто така, може да откриете дека луѓето денеска поинтензивно ќе зборуваат за вас.

Работа: Наближува период на промени, подгответе се.

Љубов: Бура во врската, можно е да бидете жртви на оговарање.

Здравје: Мора да го средите стомакот, балансиранара исхрана е лекот.

 

ДЕВИЦА

(23 август – 22 септември)

Месечината се движи во вашиот сектор за приватност. Ова е време на интензивен фокус на вашиот внатрешен свет. Може да почувствувате силен порив да анализирате и да се справите со работи поврзани со минатото. Очекувајте и нови и возбудливи случувања во вашиот приватен живот. Како и да е, сега се занимавате со идеи и концепти што можеби сте ги запоставиле во минатото.

Работа: Поранешен соработник ќе ви даде значајна идеја. Може, но не мора да ја прифатите.

Љубов: Магарето што се двоуми меѓу два стога сено може и гладно да остане.

Здравје: Во одлична форма сте.

 

ВАГА

(23 септември – 22 октомври)

Ќе се чувствувате мотивирани и инспирирани од вашите соништа или визии за иднината. Возбудливите идеи може да ги споделите со пријател. Барајте можности за пријателство. Пријателите имаат нешто важно да придонесат за вашите планови.

Работа: Стабилно во секој поглед. И финансиски.

Љубов: Рутина која ве нервира.

Здравје: Газираните пијалоци ви штетат.

 

СКОРПИЈА

(23 октомври – 22 ноември)

Убаво време да навлезете во проект што ве носи некаде. Денеска можеби ќе се разјаснат некои пречки за реализација на некоја ваша идеја или проект. Сепак, не е време да преземете нов тек на дејствување. Почекајте до утре.

Работа: Проблеми кои ќе се премостат.

Љубов: Од се правите кавга, барате влакно во јајцето.

Здравје: Вртоглавица. Проверете го притисокот.

 

СТРЕЛЕЦ

(23 ноември – 20 декември)

Денеска се изразувате со поголем ентузијазам и верба. Може да добиете информациите што ја комплетираат сликата. Свесни сте, остроумни и комуникативни. Имајте на ум дека иако разговорите можат да бидат интересни во моментов, најверојатно ви недостасува емотивен или чувствителен елемент.

Работа: Нов предизвик.

Љубов: Проблеми во врската.

Здравје: Научете да го менаџирате стресот.

 

ЈАРЕЦ

(21 декември – 19 јануари)

Месечината е во вашиот сектор за интимност денеска и утре ќе го пречека Сонцето, започнувајќи нов циклус. Денеска Сонцето и Меркур ги здружуваат во силите и може да се чувствувате како да имате мисија да ја дознаете вистината за некое прашање. Вие сте ментално силни, гледајќи детали што можеби сте пропуштиле или што не биле достапни во минатото. Тоа може да се однесува и на финансиските прашања. Сепак, важно е да избегнувате премногу да се наметнувате.

Работа: Кавга на работа. Понекогаш навистина претерувате…

Љубов: Бидете искрени со партнерот.

Здравје: Депресивни сте, барајте чаре.

 

ВОДОЛИЈА

(20 јануари – 18 февруари)

Менталната енергија ви е силна и е во центарот на вниманието. Денеска можете да ги реорганизирате вашите мисли и идеи, а интеракциите со некој друг може да ви помогнат но тоа. Иако сево ова може да биде доста позитивно, можеби ќе треба да ги проверите и своите чувства, пред да брзате напред.

Работа: Добро време за нови проекти.

Љубов: Сакате да се осамите. Добра идеја?

Здравје: Хронични проблеми со ‘рбетот.

 

РИБИ

(19 февруари – 20 март)

Комуникациските проблеми имаат тенденција да доминираат, пред интуицијата и емоциите. Внимавајте на ова. Набљудувајте и  анализирајте, но дајте си време пред да преземете нов курс на дејствување.

Работа: Добро сте позиционирани, не мора ништо битно да менувате.

Љубов:  Нова шанса.

Здравје: Внимавајте на притисокот, инвестирајте во нов, квалитетен апарат за мерење притисок.

Поврзани содржини