ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 АВГУСТ Еве какви промени ќе донесе денеска новиот ретрограден циклус на Уран кај сите знаци
ОВЕН
(21 март – 19 април)
Месечината го поминува денот во вашиот семеен сектор и вие сте насочени кон тивки, лесни активности, без компликации. За среќа, денешните енергии се добри за семејни врски или домашни напори. Вашата внатрешна сила се зголемува. Време е да размислите за поинвентивни начини за правење пари и да ги рафинирате тековните проекти.
Работа: Работата од дома, доколку е можна, е одличен избор.
Љубов: Ден за романса, што може, но не мора да значи и нова врска.
Здравје: Избегнувајте зачинета храна.
БИК
(20 април – 20 мај)
Месечината го поминува целиот ден во вашиот комуникациски сектор и имате тенденција да барате дополнителна ментална стимулација и разновидност. Вашите идеи се особено креативни. Уран денеска го започнува својот годишен петмесечен ретрограден циклус. Искористете го тоа за да истражите кои стравови или ставови ја ограничуваат вашата независност.
Работа: Денеска ќе сфатите дека стресот во текот на неделата ви бил одвишен.
Љубов: Нема ништо лошо во тоа да сте малку осамени и не брзајте да барате љубовен партнер на работа.
Здравје: Не бидете мрзеливи, обновете ја вашата фитнес програма.
БЛИЗНАЦИ
(21 мај – 21 јуни)
Сакате да се смирите, да се чувствувате удобно и да ги одржувате работите едноставни. Сепак, можеби ве очекува нов деловен проект и нов немир. Можеби, пак, особено ќе уживате во развивањето на вашиот талент. Учењето нови работи може да биде возбудливо.
Работа: Имате целосна контрола, нема за што да се грижите.
Љубов: Изненадување.
Здравје: Денеска ќе се чувствувате исцрпени и тоа ќе потрае, но без грижи, набрзо пак ќе се вратите во форма.
РАК
(22 јуни – 22 јули)
Месечината е во вашиот знак целиот ден и привлекувате внимание. Добро е време да се обрне малку повеќе внимание на емоционалните потреби и желби. Уран навестува корисен период за анализа на неодамнешните промени и настани со пријателите. Тоа ќе ви помогне да спречите импулсивни одлуки. Енергични сте и мотивирани да ги извршувате вашите проекти и лични интереси.
Работа: Време е малку да се релаксирате. Иако очекувате повеќе од себе.
Љубов: Можеби барате на погрешно место, можеби не барате зад аголот… Размислете!
Здравје: Ако имате вишок килограми, денес е денот да почнете квалитетна диета.
ЛАВ
(23 јули – 22 август)
Месечината е во вашиот сектор за приватност и паметно е денеска да се свртите кон самите себе. Активностите што ви помагаат да ја вратите вашата енергија може да бидат во фокусот и можат да ве зајакнат. Циклусот на Уран ќе ве инспирира да ги испитате потребите поврзани со вашите долгорочни цели, со кариерата или угледот.
Работа: Држете повеќе опции отворени.
Љубов: Можеби токму денеска ќе ја сретнете личноста од вашите соништа. Само соништата да не се кошмарни…
Здравје: Побарајте кај вашиот аптекар добар мултивитамински препарат.
ДЕВИЦА
(23 август – 22 септември)
Помалку тешки ситуации и повеќе општествено исполнувачки активности ве привлекуваат денеска. Исто така, вие сте на добарпат да решите некои финансиски проблеми. Уран охрабрува „ажурирање“ на најразлични теми во деветта куќа, како што се верувањето, образованието, издаваштвото и комуникациите. Денешните енергии ви помагаат да негувате врска со духот на отвореност и прифаќање. Добар ден за медијација, преговори, советување и партнерство.
Работа: Денеска можеби ќе решавате крупен проблем. Нека ви помогне следниот совет – не е се во парите.
Љубов: Препуштете им се на чувствата и изразете ги храбро.
Здравје: Има два најевтини „лека“ за стомачните болки – правилна исхрана и многу, многу течности, особено вода.
ВАГА
(23 септември – 22 октомври)
Со Месечината во вашата соларна десетта куќа во текот на целиот ден, ова е добро време да ги разгледате вашите долгорочни цели, планови и амбиции. Ова е силен ден за добра деловна идеја и за соработка со други луѓе за важна цел.
Работа: Огнот што е распален во вас од проектот во кој сте ангажирани нема да згасне и денеска. Иако е ден за одмор…
Љубов: Шанса за флерт, но не претерувајте.
Здравје: Имавте интензивна недела и нормално е да сте исцрпени. Наспијте се добро, бидете малку мрзеливи во текот на викендот.
СКОРПИЈА
(23 октомври – 22 ноември)
Месечината продолжува да транзитира во вашиот дух, а вие барате да ја нахраните вашата душа. Уран, пак, транзитира во вашиот партнерски сектор и за време на овој петмесечен ретрограден циклус ќе поттикне значајна интроспекција и преиспитување на вашите потреби за врски. Денот може да донесе зајакнување на врската со некого, со споделување идеи и со слушање на другата страна. Малите гестови во моментов вршат голема работа.
Работа: Проблеми. Смирете ја нервозата, таа е лош сојузник.
Љубов: Уживајте во вниманието од ликот кој кон вас се однесува љубезно и приврзано. Иако не и страстно.
Здравје: Повеќе зелено овошје, помалку сол, шеќер и масти. Идната недела направете крвна слика.
СТРЕЛЕЦ
(23 ноември – 20 декември)
Урановиот циклус ќе ви помогне да забавите малку и да ги преиспитате неодамнешните промени поврзани со вашите дневни рутини, со работата и со здравјето. Денешните енергии се добри за поголема јасност во една врска или во однос на финансиите. Семејната поддршка може да ве охрабри.
Работа: Под притисок сте, имате подеми и падови. Единствениот начин да се справите со ситуацијата е да продлжите напред.
Љубов: Долго време ја гоните шансата да излезете со него или со неа. Не се двоумете баш денеска!
Здравје: Викендов бидете на чист воздух. Ако пиете лекови за смирување, направете мала пауза, доколку лекарот тоа го дозволува.
ЈАРЕЦ
(21 декември – 19 јануари)
Уран ќе ве охрабри да се изразите поавтентично и креативно, за време на долгорочното транзитирање во вашиот сектор на радост. Изразувањето на вашата љубов преку гестови или вербално може да биде успешно. Можеби ќе поддржите некого со вашето знаење и со совети.
Работа: Благодарејќи на напорната работа и на посветеноста, соништата стануваат стварност.
Љубов: Стар пријател или партнер денеска може да ви приреди изненадување.
Здравје: Добро е, во форма сте.
ВОДОЛИЈА
(20 јануари – 18 февруари)
Месечината е во вашиот работен и здравствен сектор. Имате одлична поддршка за овие задачи. Ова е добро време да ги подобрите своите вештини и да пронајдете нови начини да си помогнете. Вашиот владетел, Уран, денес го започнува својот годишен петмесечен ретрограден циклус. Тој ќе влијае на теми поврзани со вашиот дом или со личниот живот.
Работа: Очекувајте бизнис предлог од некој од вашето семејство. Не избрзувајте!
Љубов: Постојано сте во потрага по идеален партнер. Инвестирате ли и вие?
Здравје: Потребно ви е тонирање на мускулите.
РИБИ
(19 февруари – 20 март)
Месечината поминува цел ден во вашиот романтичен и креативен сектор. Лесно ќе најдете инспирацијата да ги споделите вашите идеи и креации. Особено е добар денот да се негува романса или радосен проект, а може да се посветите и на вашето хоби.
Работа: Ако сте размислувале за промена на работата или на кариерата, денеска е поволен ден за одлука.
Љубов: Денеска сепак останете дома.
Здравје: Вежбање и добро капење. Дали сте во можност да пливате?