ДМ ЗАСАДИ 50.000 НОВИ ДРВЈА ВО ШТИПСКО Во масовната акција учествуваа и 400 вработени во дрогеријата

Овој традиционален еколошки проект, кој dm го започна во 2022 година, до денес вроди дури 150.000 засадени дрвја на повеќе локации низ нашата земја – во Велес, во близина на езерото Младост, во околината на скопско Миладиновци и во близина на опсерваторијата Кокино.

1

На 30 ноември 2025, компанијата dm дрогерие маркт успешно го реализираше продолжението на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“, најмасовната акција за пошумување досега. Заедно со партнерите Македонско еколошко друштво (МЕД) и ЈП Национални шуми, речиси 400 вработени во dm, волонтери и претставници на институционалните партнери беа дел од најголемото масовно пошумување во селото Калапетровци во околината на Штип.

Овој традиционален еколошки проект, кој dm го започна во 2022 година, до денес вроди дури 150.000 засадени дрвја на повеќе локации низ нашата земја – во Велес, во близина на езерото Младост, во околината на скопско Миладиновци и во близина на опсерваторијата Кокино. Оваа година во селото Калапетровци во околината на Штип, целта беше доста амбициозна и беа засадени дури 50.000 нови стебла. Со оваа акција, dm drogerie markt заедно со еколошките партнери МЕД и ЈП Национални шуми направи уште еден голем чекор кон позелено утре за сите нас. Компанијата dm обезбеди и организиран превоз, опрема за садење, и освежителна закуска за сите учесници.






Главниот мотив за започнување на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ лежи во стратешката определба на dm, која постои уште од самото основање на компанијата придонесувајќи кон создавање на поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации преку зачувување и обновување на шумите, кои се главен извор на кислород и симбол на животот.

dm продолжува со своите еко активности преку целата година и од септември 2025 како дел од конкурсот Зелена иднина: од градинка до училиште за раззеленување училишни дворови успешно досега раззелени 4 училишни дворови. Сите заинтересирани државни и општински градинки, основни и средни училишта можат да се пријават на конкурсот кој трае до 31.08.2026.

Поврзани содржини