ДМ ДОНИРАШЕ ПОВЕЌЕ ОД 200 ПАКЕТИ СО ХРАНА Поделени се преку хуманитарната организација „Свети Спас“

Под мотото „Купувај во dm и направи добро дело“, на 28 ноември 2025 година, dm по седми пат го организираше „Giving Friday“ — посебна хуманитарна акција во која одвоија 5% од нивниот дневен промет за хуманитарни цели.

40

dm го продолжува патот на хуманоста и солидарноста. Оваа година, со неизмерна радост и задоволство, донираше повеќе од 200 пакети со храна кои ќе стигнат до социјално загрозените семејства ширум нашата земја.

Под мотото „Купувај во dm и направи добро дело“, на 28 ноември 2025 година, dm по седми пат го организираше „Giving Friday“ — посебна хуманитарна акција во која одвоија 5% од нивниот дневен промет за хуманитарни цели. Со неверојатната поддршка на нивните купувачи, собраа 559.342 денари, кои беа наменети за набавка на пакети со храна со основни прехранбени намирници за социјално загрозени сограѓани.






Она што го ветија, сега е остварено. Започна дистрибуцијата на повеќе од 200 пакети, кои преку хуманитарната организација „Свети Спас“, ќе стигнат до рацете на оние на кои ова им е најпотребно.

– За време на празничните денови, кога сите ги прославуваме заедништвото и љубовта, во dm сакаме да подариме надеж, радост и топлина на оние на кои тоа им е најпотребно. Со оваа донација, сакаме да придонесеме сите сограѓани да почувствуваат дека не се сами и дека секој заслужува поддршка и помош. Празниците се време кога љубовта треба да се споделува, а ние седма година по ред го правиме токму тоа – изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникација во dm.

Од компанијата изразуваат голема благодарност до сите нивни купувачи, кои со својата хуманост и доверба го направија ова возможно. dm ќе продолжи да биде светол пример на општествена одговорност, со јасна посветеност да вложи во подобра иднина за сите нас. Заедно ја градиме нашата заедница, заеднички носиме надеж и создаваме промени.

Поврзани содржини