dm ЈА СПРОВЕДУВА ИНИЦИЈАТИВАТА GIVING FRIDAY -5% oд прометот на 28 ноември ќе оди во хуманитарни цели
Black Friday се одбележува во последниот петок од месецот, 28 ноември, и го означува почетокот на предновогодишната шопинг сезона. А dm drogerie markt сака токму овој ден да го направи асоцијација на солидарноста и на поддршката, велат од компанијата и откриваат дека говаа година средствата од акцијата ќе бидат искористени за набавака за хуманитарни пакети кои ќе бидат дистриубирани преку организацијата „Св.Спас“.
На денот кога секаде низ светот се одбележува Black Friday, најголемиот дрогериски ланец во Европа dm drogerie markt одлучи и оваа година да ја спроведе иницијативата Giving Friday и да донира 5% од вкупниот дневен промет остварен во сите дрогерии на тој ден во добротворни цели.
Од компанијата информираат дека собраните средства ќе бидат искористени за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани преку хуманитарната организација „Св. Спас“.
dm drogerie markt ги охрабрува купувачите да се подготват за незаборавна шопинг акција и на 28 ноември да придонесат кон хуманитарната активност организирана од компанијата.
„Како општествено-одговорна компанија која е свесна за предизвиците на општеството во кое постои, dm drogerie markt традиционално ја спроведува оваа добротворна иницијатива под слоганот ‘Giving is the new black’. Активноста Giving Friday започна во 2019 година со донацијата за Клиничкиот Центар во Штип, а низ годините се претвори во една вистински хумана практика која помага да се соберат средства за егзистенција и основни прехранбени производи за граѓаните на кои им се навистина потребни“, исткнуваат од компанијата.
Од dm велат дека иницијативата Giving Friday е само уште еден начин на кој ги потсетуваат нивните купувачи, но и сите членови на заедницата, дека dm е тука за нив. а воедно и се надеваат дека, како што се вели во соопштението, иницијативата ќе допре што поголем број граѓани кои ќе ја осознаат убавината на дарувањето.
„Black Friday се одбележува во последниот петок од месецот, 28 ноември, и го означува почетокот на предновогодишната шопинг сезона. А dm drogerie markt сака токму овој ден да го направи асоцијација на солидарноста и на поддршката. Затоа наместо симболични попусти, компанијата седма година по ред година организира реална и конкретна активност со една цел – да ја подигне свеста за луѓето од социјално загрозените категории и да ги поддржи преку донација“, порачуваат од dm.