ДЛАБОКО СУМ ВОЗНЕМИРЕНА, МИЛО МИ Е ШТО Е БЕЗБЕДЕН Камала Харис го коментираше атентатот врз Трамп

Кога ќе ги собереме фактите, ќе бидам јасна, го осудувам политичкото насилство. Сите ние мораме да го сториме својот дел за да бидеме сигурни дека овој инцидент нема да доведе до дополнително насилство, изјави потпретседателката Камала Харис

183

Потпретседателката Камала Харис го осуди политичкото насилство и рече дека е „длабоко вознемирена“ од можниот атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп, пишува порталот Политико.

– Кога ќе ги собереме фактите, ќе бидам јасна, го осудувам политичкото насилство. Сите ние мораме да го сториме својот дел за да бидеме сигурни дека овој инцидент нема да доведе до дополнително насилство – рече Харис во изјавата објавена од кабинетот на американскиот потпретседател.






Одговорот на Харис доаѓа неколку часа откако локалните власти соопштија дека агентите на Тајната служба, кои го штитат Трамп, отвориле оган врз осомничениот, кој имал пушка, во близина на границата на имотот каде што поранешниот претседател играл голф на еден од неговите терени во Флорида. Федералните власти го истражуваат инцидентот како атентат врз поранешниот претседател, втор за околу 2 месеца.

– Благодарна сум што поранешниот претседател Трамп е безбеден. Ги пофалувам американската тајна служба и партнерите за спроведувањето на законот за нивната будност. Како што рече претседателот Бајден, нашата администрација ќе се погрижи Тајната служба да ги има сите ресурси, способности и заштитни мерки, неопходни за извршување на својата критична мисија – рече Харис во нејзината изјава.

И Харис и претседателот Џо Бајден претходно во неделата беа информирани за инцидентот, а претседателот во изјавата рече дека осомничениот е во притвор.

– Ми олесна што поранешниот претседател е неповреден. Овој инцидент е под активна истрага бидејќи полицијата собира повеќе детали за тоа што се случило. Како што кажав многупати, нема место за политичко насилство или какво било насилство во нашата земја. Му наредив на мојот тим да продолжи да гарантира дека Тајната служба ги има сите ресурси, способности и заштитни мерки потребни за да се обезбеди безбедноста на поранешниот претседател и понатаму  –рече Бајден.

Поврзани содржини