ДЛАБОКИ СЕ КОРЕНИТЕ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Одбележани 1.700 години од Првиот вселенски собор
Во археолошкиот локалитет Стоби денеска, на денот спроти неделата што православниот свет ја посветува на светите отци од Првиот вселенски собор, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи архиерејска божествена литургија, во сослужение со митрополитите Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј, соопшти МПЦ-ОА.
Во археолошкиот локалитет Стоби денеска, на денот спроти неделата што православниот свет ја посветува на светите отци од Првиот вселенски собор, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи архиерејска божествена литургија, во сослужение со митрополитите Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј.
„Годинава се навршуваат 1.700 години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, а на кого присуствувале и тројца македонски епископи: Александар, епископ на Солун, Будиј, епископ на Стоби и Дакиј, епископ на Скупи. По тој повод денес, 31.5.2025 година, денот спроти Неделата којашто сеправославниот свет ја посветува на светите отци од Првиот вселенски собор, во археолошкиот локалитет Стоби се отслужи Архиерејска божествена литургија“, соопшти МПЦ-ОА.
На литургијата присуствуваа верници од целата земја, а меѓу нив и министерот за култура Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска, поранешниот претседател Ѓорге Иванов и претставници на локалната самоуправа.
Присуството на македонски епископи на овој Собор, нагласуваат од МПЦО-ОА, е историски показател за длабоките корени на христијанството во Македонија, односно за тоа дека во тој период на нашиве простори веќе постоел организиран христијански живот со добро раководена Црква и црковна заедница.