ДКСК НЕ ЈА НИ ПОЧЕКА ПРЕТСТАВКАТА ЗА „БРОИЛО“ Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека очекувано е дека нема да биде отворен предмет за Ковачевски
Во услови на криза некој профитира, добива 26.000.000 евра, постои сериозна индиција за трговија со влијание, а ДКСК однапред крева раце. Ова е уште еден во низата коруптивни скандали и спречување на борбата со корупцијата што ја втурна државата во кризи и сиромаштија. За многу кусо време јавноста ќе ја види спрегата на ДКСК со СДС, се вели во партиското соопштение.
„Очекувана беше реакцијата СДС по паушалната изјава на Ивановска дека нема да отвори предмет за Ковачевски и аферата Броило. Не почекаа ни да ја добијат претставката за Ковачевски и случајот „Броило“, влијанието и вмешаноста во скандал тежок 26.000.000 евра, туку излегоа во јавност дека нема да отворат предмет, веројатно по допрен глас директно од Ковачевски“.
Вака велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Тие додаваат:
Можеби ќе ве интересира
„Во услови на криза некој профитира, добива 26.000.000 евра, постои сериозна индиција за трговија со влијание, а ДКСК однапред крева раце. Ова е уште еден во низата коруптивни скандали и спречување на борбата со корупцијата што ја втурна државата во кризи и сиромаштија. За многу кусо време јавноста ќе ја види спрегата на ДКСК со СДС“.