„ДИЗНИ“ ГО ПРЕКИНА ПРИКАЖУВАЊЕТО ФИЛМОВИ ВО РУСИЈА Како одговор на инвазијата на Украина

„Дизни“ е првото големо холивудско студио кое ги прекина киноприкажувањата во Русија како одговор на инвазијата на Украина.

312

Продукциската компанија „Волт Дизни“ вчера соопшти дека ги прекинува прикажувањето филмови во Русија, вклучително и претстојната анимација на „Пиксар“ – „Црвената панда“ (Turning Red). Како причина ја наведоа „неиспровоцираната инвазија на Украина и трагичната хуманитарна криза“.

„Ќе носиме идни деловни одлуки врз основа на состојбата што е во развој. Во меѓувреме, со оглед на размерите на новонастанатата бегалска криза, работиме со нашите партнери од невладини организации за да обезбедиме здавствена и друга хуманитарна помош“, се вели во соопштението.






Како што се наведува, „Дизни“ е првото големо холивудско студио кое ги прекина киноприкажувањата во Русија како одговор на инвазијата на Украина.

Украинската филмска академија изминатиот викенд почна интернет-петиција со која повикува на меѓународен бојкот на руската филмска индустрија.

Поврзани содржини