ДИЗЕЛОТ ЗА СТРАНЦИТЕ Е ПОСКАП ЗА 20% Брисел ја предупреди Словачка дека мерката е дискриминирачка

Европската комисија најави правни чекори откако Словачка воведе повисоки цени на дизел за возачи со странски таблички.

47

Европската комисија предупреди дека одлуката на владата на Словачка да воведе различни цени на дизел за возачи со словачки и странски таблички во период од 30 дена претставува дискриминација и е спротивна на законите на Европската унија.

Возачите со странски регистарски таблички во Словачка сега плаќаат во просек 1,83 евра за литар дизел, што е околу 20 проценти повеќе од цената што ја плаќаат домашните потрошувачи.






Портпаролот на Европската комисија, Рикардо Кардозо, истакна дека мерките на земјите членки во вакви ситуации мора да бидат координирани и не смеат да ги дискриминираат возачите врз основа на државјанство. Тој посочи дека Комисијата ќе преземе правни чекори за да обезбеди усогласеност со законодавството на ЕУ.

Словачкиот премиер, Роберт Фицо, претходно изјави дека не очекува Комисијата да покрене формална постапка, бидејќи регулативата е воведена привремено, само на 30 дена, но одлуката веќе привлекува значително внимание во Брисел.

Владата на Словачка воведе различни цени на дизелот со цел да ги заштити домашните потрошувачи и да ги спречи возачите од други земји, особено од Полска, да полнат гориво во Словачка по пониски цени.

Претходните искуства на ЕУ со слични случаи покажуваат дека Брисел реагира брзо.

Европската комисија во 2022 година покрена постапка против Унгарија поради слична практика на дискриминација на странски возила при купување гориво, кога домашните возачи на бензинските пумпи плаќаа 60–70 отсто помалку од странците.

Поврзани содржини