Славната дизајнерка Вера Венг го прослави својот 71-ти роденден во текот на викендот, а фановите не престануваат да коментираат за нејзиниот младешки изглед под фотографиите што ги објавила.
Дизајнерката позирала во хеланки и топ, а ноктите ги налакирала во боите на виножитото, и така ја обележала и Pride (Гордост), со што ѝ дала поддршка на ЛГБТ заедницата.
Објавата доби десетици илјади лајкови и стотици коментари, а повеќето беа заинтересирани за тоа како го одржува својот изглед.
„Човеку, па таа има 70 години“, „Не е можно да има 70 години“, „ Изгледаш вечно млада и привлечна, како успеваш во тоа“; „ Како “, „ Вера Венг сигурно е вампир“, се ределе коментарите под објавата.
Венг сподели порака на Твитер во која им се заблагодари на обожавателите.
„Благодарам за убавите роденденскии желби. Да… Имам 71 година и се забавувам”.
Дизајнерката исто така неодамна ја откри и тајната на добриот изглед.
„Работа, спиење, коктел од вотка коктел и избегнување сонце“, ѝ одговорила славната дизајнерка на една обожавателка.
Инаку, Вера Венг е најпозната по своите уникатни венчаници. Секоја идна невеста сонува да облече венчаница со потпис на оваа дизајнерка.
FOTO: Instagram