📷 ДИВОГРАДБА ВО ВИЗБЕГОВО СРАМНЕТА СО ЗЕМЈА Во Бутел нема место за узурпации на земјиште

Законот за бесправно изградени објекти се спроведува на целата територија на општина Бутел, напиша градоначалникот Дарко Костовски нагласувајќи дека сè додека тој е градоначалник, законите ќе важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок.

0

Општина Бутел извести дека денеска во координирана акција со МВР, во раните утрински часови бил отстранет бесправно изграден објект во населеното место Визбегово.

„Законот за бесправно изградени објекти се спроведува на целата територија на општина Бутел“, напиша градоначалникот Дарко Костовски нагласувајќи дека сè додека тој е градоначалник, законите ќе важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок.






Костовски вели дека работи во интерес на сите граѓани и секогаш се залага за чесните луѓе.

„Во општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпација на државно земјиште“.

Поврзани содржини