ДИВО НАСЕЉЕ ОПКОЛЕНО ОД ПОЛИЦИЈАТА Голема полициска акција на повеќе локации(обновено)
Повеќе детали за големата акција на специјалната полициска единица се очекуваат подоцна во текот на денот. Од МВР засега не ја коментираат акцијата.
Голема полициска акција претпладнево се одвива во населбата Диво Насеље во Куманово, потврдија за Плусинфо од Министерството за внатрешни работи.
Засега само се шпекулира дека се работи за планирана акција, во која полицијата трага по осомничени во шверц со наркотици. ОД МВР посочија дека се акцијата се изведува на повеќе локации.
На објавените снимки може да се види дека една куќа во кумановската населба е опколена од припадниците на полицијата.
Телма објави дека и полицајци се уапсени во акцијата. Во групата која била цел на акцијата имало и полицајци и цариници и државни службеници.