📽️ ДИВЕЕШЕ СО 304 КМ НА ЧАС КАЈ СОЛУН, СО ЕДНА РАКА Возачот кој се снимаше e уапсен во Грција
За првиот прекршок од ваков тип во Грција, казната е 2.000 евра, плус едногодишна суспензија на возачката дозвола. Ако возачот направил повеќекратен прекршок, сè се удвојува.
Снимка од возач кој со „Хонда“ возел со 304 километри на час кај Солун предизвика бурни реакции во Грција. Видеото, кое на почетокот на јануари беше објавено на Тик-Ток, брзо се прошири, а полицијата го пронајде и приведе возачот.
Всушност, овој возач објавил многу видеа на Тик-Ток каде што прикажува опасно возење, пишуваат грчките медиуми.
Во Грција, возењето со 200 км/ч се смета како сериозен прекршок.
За првиот прекршок од ваков тип, казната е 2.000 евра, плус едногодишна суспензија на возачката дозвола. Ако возачот направил повеќекратен прекршок, сè се удвојува: казната се зголемува на 4.000 евра, а одземањето на дозволата се продолжува на две години.
Вториот таков прекршок (возење побрзо од 200 км/ч) резултира со двојна казна, до 8.000 евра, и забрана за возење во траење од четири години.