ДИВАТА ДЕПОНИЈА ВО ДОЛНО ЛИСИЧЕ ПОВТОРНО Е ПРЕПОЛНА Банкината не се покажа како трајно решение

Оваа дива депонија лани ова време беше комплетно исчистена, по што градоначалникот Тимчо Муцунски се испофали и вети нула отпад и нула диви депонии во општината. Сега истата дива депонија е повторно преполна со отпад, а градоначалникот никаде го нема – рече советникот Горан Костовски од Левица.

263

Да ставиме крај на незаинтересираноста на Општина Аеродром за дивите депонии во населбата Долно Лисиче и да понудиме трајно решение за овој акутен комунален проблем – повика вчера на прес-конференција советникот на Левица во Општина Аеродром Горан Костовски.

– Пред два месеца апелиравме да се исчисти перманентна дива депонија во најзаборавениот дел од Општина Аеродром – населбата Долно Лисиче и понудивме трајно решение за овој акутен комунален проблем со поставување банкина со што пристапот до локацијата би се оневозможил за камионите кои тука го истураат градежниот шут.






Оваа дива депонија лани ова време беше комплетно исчистена по што градоначалникот Тимчо Муцунски се испофали и вети нула отпад и нула диви депонии во општината. Но тоа траеше само моментално и сега една година потоа истата дива депонија е повторно преполна со отпад, а градоначалникот никаде го нема.

Апелираме до надлежните од општината во најбрз можен рок овој акутен проблем да се реши со тоа што општината и градоначалникот ќе се ангажираат прво да ја исчистат депонијата од отпадот, а потоа и да иницираат поставување на банкина за да се блокира пристапот за камионите со градежен шут до локацијата – рече советникот Костовски.

Поврзани содржини