Британската суперѕвезда Роби Вилијамс подрани со божикното расположение и ја објави песната „Can’t Stop Christmas“, која е донекаде инспирирана од коронавирусот.
Кој би помислил дека глобалната пандемија ќе послужи како инспирација за создавање нова музика? И тоа – божикна!
Кога станува збор за Вилијамс, познато е дека тој е голем обожавател на овој празник, па на крајот на минатата година го издаде албумот „Божикниот подарок“ (The Christmas Present), со авторски песни инспирирани од Божик, но и со обработки на познатите божикни песни. Сега тој нè израдува со нова песна со истата тема, но овој пат зборовите се прилагодени на моменталната епидемиолошка состојба.
„Ох, каква кутра година, за жал, некои пријатели исчезнаа, никогаш порано не било така, чувството е како да сме во војна“, пее Роби со весели божикни мелодии.
View this post on Instagram