ДИСКУСИИ ЗА ДИГИТАЛЕН ИДЕНТИТЕТ, ДИГИТАЛЕН ПАРИЧНИК… Македонија на мапата на дигитално развиени држави

Главни теми на Дигиталниот самит, на кој ќе има над 800 учесници, ќе бидат сајбер-безбедноста и дигиталните услуги, а ќе се говори и за вештачката интелигенција, најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

333

Над 800 учесници од Македонија, од земјите од регионот и од Европа ќе присуствуваат на Дигиталниот самит кој ќе се одржи во Скопје на 1 и 2 октомври, во Музејот на современа уметност. Главни теми ќе бидат сајбер-безбедноста и дигиталните услуги, а ќе се говори и за вештачката интелигенција.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вели дека оваа година самитот е малку реорганизиран, со тоа што ако порано бил само за функционери и за членови на владите, сега и граѓаните, бизнис секторот и универзитетите ќе може да присуствуваат и да ги слушаат говорниците кои се поканети на самитот.






– Главен интерес ќе ставиме на сајбер-безбедноста, три панели ќе бидат посветени за тоа, затоа што имаше голем интерес и од учесниците и од панелистите. Потоа, дигиталните услуги. Ќе ја преставиме, како што ветив, македонската мобилна суперапликациј. Секако ќе разговараме за дигитален паричник, дигитален идентитет, интероперабилност, нови услуги, поврзување на институциите, иновации, вештачка интелигенција итн – рече Андоновски во гостување на Македонско радио.

Сите заинтересирани кои нема да можат да бидат во можност да присуствуваат на настанот, ќе можат да го следат на социјалните медиуми, додаде Андоновски.

Поврзани содржини