ДИСКОТЕКАТА „ПРИВИЛИЏ“ РАБОТИ БЕЗ ЛИЦЕНЦА Министерот Бектеши бара инспекција

Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, претепан до смрт беше ракометарот Денис Тот. За неговото убиство, се товарат три лица, од кои две се во триесетдневен притвор.

788

Министерот за економија, Крешник Бектеши, потврди дека дискотеката „Привилиџ“, пред која беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот, немала лиценца за работа, тврди „Слободен печат“.

– Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова – додаде Бектеши.






Истиот извор наведува дека од државниот пазарен инспекторат најавиле дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб, иако наводно и претходно постапувале.

Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, претепан до смрт беше ракометарот Денис Тот. За неговото убиство, се товарат три лица, од кои две се во триесетдневен притвор. Првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски е во бегство и истражните органи петти ден не откриваат дали ја напуштил државата или е во земјава.

 

Поврзани содржини